Каролина им се препушти на слатките задоволства: Пејачката сè уште под импресии на Лос Анџелес - „До следниот пат“

Добивај вести на Viber

Македонската дива, Каролина Гочева од Лос Анџелес се врати со силни импресии, па моментите кои ги доживеала таму сè уште ги споделува на социјалните мрежи.

„До следниот пат“, напиша на објавата пејачката.

Дел од фотографиите се како ужива во „градот на ангелите“ додека се шета низ улиците, покрај океан и вкусува храна која е карактеристична за ова поднебје.

На ова патување пејачката беше со менаџерот Бобан Авалон и неговата сопруга Зорица, а причина за да го посетат Лос Анџелес беше концертот на Дејвид Гилмор на „Пинк Флојд“.

Фото: Инстаграм
РЖМ