Актуелно // Insta вести
Катарина Ивановска ја погоди песната „Бивши драги“ : Пееше на цел глас во првите редови
- 20 Април, 2023
Фото: Maja Janevska-Ilieva / Фејсбук - Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje
Откако во јавноста се крена шум дека најпознатата наша манекенка, Катарина Ивановска и некогашниот кошаркар на НБА и сегашен претседател на КФМ Перо Антиќ по две години врска се разделиле, манекенката беше „уловена“ на видео како пее најгласно и се забавува на песната „Бивши драги“.
Со раце во вис Катарина се забавуваше на настап во кафуле во Скопје на познатата српска пејачка Александра Радовиќ.
Инаку, манекенката по гласините дека веќе не се заедно изгледа подобро од било кога.Видео: Инстаграм