Кејт блесна во совршено монохроматско издание: Вилијам не го трга погледот од сопругата, а костумот на неа чини 150.000 денари (ФОТО)
Фото: Profimedia
Кејт Мидлтон ја започна новата иницијатива „Shaping Us“ во Лондон во зградата на познатата организација БАФТА. Таа се претстави во беспрекорно монохроматско издание и потврди дека оделата се нејзиното омилено парче облека оваа сезона
Принцезата од Велс вечерва носеше костум со потпис на „Alexander McQueen“ - блејзерот чини 1.790 фунти, а панталоните 690 фунти. Вкупно, и во нашата валута, доаѓаме до бројка од околу 150.000 денари.
Таа носеше и чанта „Miu Miu“ која чини 895 долари и салонки од „Gianvito Rossi“ кои чинат 630 долари. За разлика од костумот, Кејт ги носеше овие парчиња во јавност и претходно.
Истото важи и за обетките „Chalk jewerly“ од 70 фунти.
Фото: ProfimediaПоддршката за раниот развој на децата, во првите години од животот, Кејт ја нарече животно дело. Во својот говор таа напомена дека социјалните и емоционалните потреби на децата се исто толку важни како и физичките и когнитивните потреби.
„Кампањата во основа е фокусирана на привлекување внимание на критичната важност на раното детство и како тоа нè обликува како луѓе. Во тоа време, ги поставуваме темелите за животот.
Затоа е важно не само да ја разбереме уникатната важност на нашите најрани години, туку и да знаеме што можеме да направиме за да помогнеме во одгледувањето на идните генерации на среќни, здрави возрасни луѓе.
На оние кои се вклучени во воспитувањето деца денес им се потребни најдобри информации и поддршка за да ја постигнат оваа мисија - и оваа кампања има за цел да им помогне да ги добијат тие информации.
Со градење на поддржувачки и грижлив свет околу децата и оние кои се грижат за нив, можеме да направиме голема разлика за генерациите што доаѓаат. Затоа што фундаментално здравите, среќни деца обликуваат здрава, среќна иднина“, изјави Кејт Мидлтон.
Принцот од Велс ја придружуваше на овој важен настан, не криејќи ја својата фасцинација со неа. Се однесуваше како вистински господин.
Извор: zena.blic.rs