Кејт Мидлтон ги соблече штиклите: Дали ова ја прави принцезата помалку привлечна? (Фото)

Добивај вести на Viber

Стајлингот на Кејт Мидлтон принцезата од Велс, е сековаш беспрекорен. На неа едноставно се стои совршено. При последното појавување во јанвоста каде беше дел од една работна акција за рециклирана облека, нејзината појава едноставно не можеше да помине незабележано.

За оваа пригода, таа носеше во сако во беж боја, а кое доега го има носено неколку пати. Медиумите пренесуваат дека цената на овој модел е 320 евра. Под сакото, Кејт носеше кремаста блуза, во комбинација со црни панталони со висок струк.

Иако стајлингот е за чиста десетка, сепак нешто друго го привлече вниманието на љубителите на модата.

Познато е дека принцезата речиси секогаш носи штикли, сепак, овој пат таа се одлучила за рамни чевли, односно црни шпиц балетанки со украсна тока, што е несекојдневно за неа.

Инаку, овој модел на балетанки е доста популарен меѓу дамите, бидејќи освен што е удобен, многу лесно се комбинира.


Фото:Tanjug/AP/Onars