,

Кејт Мидлтон ѝ ја исполни најголемата желба на Мила, девојче болно од леукемија: А изборот на стајлингот не беше случаен

Војвотката од Кембриџ - Кејт Мидлтон, го оствари најголемиот сон на девојчето Мила кое боледува од леукемија.

Минатата година, кога Велика Британија беше целосно заклучена поради пандемијата на коронавирусот, во тој период, семејството на Мила се изолираше поради нејзината болест, но и поради тешките моменти кои ги минуваа.

Имено, Мила го започна вториот циклус на хемотерапија за леукемија во март минатата година.

Војвотката од Кембриџ тогаш разговараше со Мила, која изрази желба да ја запознае вистинската принцеза, во свечено розево фустанче.

Денес, сонот на Мила се оствари, бидејќи го запозна својот идол - војвотката Кејт.

Тие се сретнаа во палатата во Шкотска, каде што Кејт и принцот Вилијам моментално се во официјална посета. Кенсингтонската палата објави видео во кое Мила дознава дека ќе го посети кралскиот пар со своето семејство.
Кејт и Мила беа свечено облечени во розови фустани, а девојчето плачеше од воодушевување.

Играше со Кејт во палатата, пиеше чај и уживаше во прекрасната зграда, која веруваме ѝ остави многу убави впечатоци и спомени.

извор:nova.rs

Сте видели ли понежен и поубав: Кејт Мидлтон за десетгодишнината од бракот одбра совршен пролетен фустан