(ФОТО) Ќерката на Црнокрак порасна, освои титула за убавина
Моника Црнокрак, ќерката на Мики и на Светлана Црнокрак, освои титула за убавина во Кипар. Таа стана Мис фотогеничност на изборот за Мис лето Интернационал, во Киренија, Кипар.
Моника, која е втора година на факултет тргна по стапките на мајка ѝ, Светлана Црнокрак, која како успешен домашен модел од речиси сите интернационални избори за убавина се враќаше со титула. На изборот победи претставничката на Молдавија, прва придружничка е Мис на Белорусија, а втора кандидатката од Португалија.
„ Моника успеа да ја освои титулата „Мис фотогеничност“ на нејзиниот прв интернационален настап како претставничка на Македонија, и така продолжи по стапките на нејзината мајка Светлана Црнокрак која многу пати учествувала на избори како во Македонија, така и низ светот и освојувала титули“, ни изјави Мики Црнокрак олд модното стуидо „Црнокарк“.
Мики и Светлана во Кипар ја прославија 21. годишнината од нивниот брак. Ќерките, Моника која има 19 години и Нина, која има неполни седум им подотвија изненадување како честитка.
„ Свадбата ќе ја паметиме по големото невреме и силниот дожд кој не ни пречеше, а старите ни го протолкуваа како добар знак за среќен и бериќетен брак“, раскажа Црнокрак додавајќи дека постарите биле во право. (М.Џ.)