Ќе ѝ мине
(посветено на сите жени кои минале или минуваат низ пеколот наречен семејно насилство)
Ќе и’ мине
Се’ ќе и’ мине
Сите удари попатно
добиени
Потштипнувањата
кои имаат боја
На небо после
зајдисонце
Ќе и’ минат
модринките
И црвенилото на
лицето
Кое било
создадено за
бакнежи
И очите нема да и’
светат од солзи
Кои ги голтнала
пред светот
Ќе минат и лузните
на грбот
Ќе зацелат раните
кои нанесени и’
биле
И повторно кожата
бела ќе и’ биде
Како некогаш
Кога едвај си чекал
да ја распостелиш
пред себе
И да ја љубиш до
изгрејсонце
Ќе мине и срамот
А и стравот ќе ја
одминува полека
Додека не реши
гласот до небо да
го вивне
И да биде
повторно своја
Без да ти се плаши
од сенката
Ќе и’ мине
баботењето
на срцето
Не од возбуда дека
до неа си
Туку од исчекување
на следниот удар
Само душата
однатре ќе и’
крвари
Како згмечено овошје
Кое некогаш со
сласт си го вкусувал
А сега е само
згрчено парче месо
До кое повеќе не
можеш да допреш
Ќе мине
Ќе и’ мине болката
И јадосувањето
што дозволила
Раката на неа да ја
кренеш
Оти секогаш
поразот е во оној
Кој рака на жена
кренал
И кој силата така си
ја мери
И време ќе измине
И душата полека ќе
зацелува
Додека еден ден
потполно не те
избрише
Како да не минала
векови со тебе
И ќе ја гледаш
насмеана и храбра
Ќе ја гледаш дека
на свои нозе
застаната е
И дека нема сила
која може да ја
уништи
Ќе мине
Се’ ќе и’ мине
Исто како што ти ќе
и’ минеш
И болката повеќе
нема да ја јаде
Ниту зад себе ќе се
врти
Барајќи те од кое
ќоше ќе се појавиш
За повторно на
колена да ја
паднеш
Ќе и’ мине
Исто како што
времето минало
Кога си можел
“своја”
да ја наречеш
Оти си ја изгубил
Токму во оној миг
кога првпат си ја
удрил
Дал со збор или со
тупаница, сеедно
А тебе само ќе ти
остане поразот
И трпнењето на
раката
За да паметиш, за
да знаеш
Дека никогаш
повеќе нема да
бидеш маж.
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска