Ќе се лечат ли заболените со лек за маларија и Сумамед: Состанок денеска

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести денеска ќе дискутира за протоколот кој впрочем е во фаза на изготвување за комбинацијата на лекови утврден во некои земји која покажува добри резултати во лекувањето на Ковид - 19. Станува збор за лекување со лек против маларија во комбинација со антибиотик. 

Министерот Венко Филипче рече вчера дека Македонија го има антибиотикот, но дека формата на лекови против маларија во овој момент ја нема.

„Но преку интензивна комуникација минативе денови се надевам дека имаме шанси да добиеме од таа количина на лекови“, рече Филипче.

Француска студија потврди дека со комбинација на лековите за маларија и антибиотикот азитомицин или познат како Сумамед во овој регион, се постигнуваат одлични ефекти во лечењето на заболените од коронавирус.

Азитромицин е антибиотик наменет за инфекции на дишните патишта и меките ткива. За оваа комбинација на лекови и американскиот претседател Доналд Трамп рече дека се покажало оти има добри ефекти.