ЌЕ СЕ ЖЕНАМ НА 33 ГОДИНИ: Белов прослави пет години љубов со Јелена
„ Само една е вистинската среќа во животот. Да сакаш и да бидеш сакан. Јас ја имам таа среќа веќе 1827 дена.Ти благодарам Јелена“, напиша поп-пејачот Александар Белов на својот фејсбук профил. Вчера, тој и неговата девојка, Јелена Станковиќ прославија пет години љубов.
Поради Јелена, Белов се пресели во Србија, и сега заедно живеат во нејзиниот роден град, Крагуевац. За Женски магзин, пејачот на ќега изјави дека неговиот дом сега е автопатот Е-75, поради тоа што паралелно настапува и во Македонија и во Србија.
„Ако откријам повеќе за идните планови со Јелена, нема да биде изненадување“.- Белов со девојката вчера славеше пет години љубов
„ Таа далечина беше мал непријател во нашата врска. Веќе извесен период имам два дома,едниот ми е во моето Неготино, а вториот ми е во Крагуевац, но како што тргнало, автопатот Е-75 ми е оној вистинскиот (се шегувам). Скопје ми недостига и еден куп драги луѓе кои се таму, но секогаш наоѓам време да дојдам. Далечината сега е сведена на минимум, затоа што слободното време го користиме да сме заедно“, ни изјави Белов.
Неговата љубовна приказна со Јелена започна кога тој беше учесник во шоуто „Танц со ѕвездите“ кое се емитуваше на МТВ.
„ Приватно се знаеме многу подолго како пријатели, но некако тој вистинскиот чекор јас го направив во периодот кога бев учесник во првата сезона од „Танц со ѕвездите“. Тогаш таа изненадно дојде да ми биде подршка на снимање. Таму се појавија тие први искри, неочекувано и спонтано сѐ започна од тогаш , а неколку месеци подоцна ја започнавме нашата приказна која трае до ден денес“, додаде пејачот.
За следниот чекор со неговата партнерка, бракот, Белов ни раскажа дека многу одамна, рекол дека ќе се жени на 33 години.
„ Одамна на шега изјавив дека ќе се женам на 33 години, и како што тргнало не сум далеку да и тоа се случи тогаш, но сепак може да биде и порано. Живееме долг период заедно и бракот и свадбата е еден драг момент кој треба да се случи и ќе се случи“. Во вчерашниот телефонски рагзовор, пејачот ни откри дека ако каже повеќе на таа тема, нема да биде изненадување. На 7 февруари во 2020 година, Александар ќе наполни 33 години.
М.Џаровска