Ќе живееме со една плата и ќе се бориме: Четирите бебиња од Србија по три месеци стасаа дома
Меланија, Димитрије, Божидар и Захарије Крстиќ, четворката која се роди во Белград, по три месеци поминати во болница, се врати дома, во Суботица, пишува „Блиц“.
Родителите Мира (29) и Младен (39) и нивниот најстар син, осумгодишниот Василије се пресреќни што семејството е конечно заедно. Дека не е лесно со четири бебиња, не кријат, но љубовта и желбата да стасаат е посилна од заморот. Тие се првата четворка родена во Србија по седум години, на 13 ноември лани. На прашањето како се, таткото вели: „Малку сме изморени“. Но, ништо не им тешко кога нивниот дом „пука“ од љубов.
„ Трите деца ни имаат само по два килограми а четвртото три, но сите се добри, фала му на Бога. Сите сме ангажирани околу бебињата, и ние родителите, и бабите, но и нивниот постар брат“, раскажал за „Блиц“ среќниот татко.
Бебињата по раѓањето беа во инкубатори, но и понатаму се чувствителни и ќе им треба време да зајакнат. „Се навикнуваме едни на други. Тие се сега повеќе спијат, а постариот брат Василије ги чува и ги рани“, раскажал таткото.
Мајката Мира, поради обврските со децата морала да ја напушти работата за да му се посвети на семејството. „Ќе мораме да се снаоѓаме само со мојата плата. Но, ќе работам и ќе се борам“, оптимист е Младен.