„Ќелавиот те сака највеќе на свет“: Перо Антиќ со фотографии од детството му честиташе роденден на синот Лука

Добивај вести на Viber

Најголемиот син на Перо Антиќ, Лука слави 17-ти роденден. Гордоста на Антиќ веќе е големо момче кое се одлучи да тргне по стапките на неговиот татко. Лука игра кошарка и е дел од младинска екипа.

На Инстаграм приказна Антиќ, објави заедничка фотографија со Лука и напиша: „Те сака ќелавиот највеќе на свет“.

А потоа му посвети цела објава со неколку ретро фотографии кога Лука бил мал за да му го честита роденденот: „Среќен роденден Лука. Тато те сака поради тоа што си, човекот што ќе станеш и големиот син што секогаш ќе бидеш“, напиша Антиќ.

Инаку од бракот со Ружица, Антиќ има уште два сина Петар и Павел.

Фото: Инстаграм