Ќерка ми замина, сама се борам со болеста на внукот: Искрено со Маја Оџаклиевска
Маја Оџаклиевска со својот внук Лука беше
гостинка во Охрид, на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ кој се одржа викендов. Во дует со
колегата Срѓан Марјановиќ со песната „Песочен часовник“ го освои второто место
од публиката на Интернационалната вечер.
Оџаклиевска која важи за еден од најквалитетните вокали во регионот, е родум од Скопје, а долги години живее во Белград. Маја секогаш отворено зборува за аутизмот на свокот внук. За Женски магазин, таа откри дека откако нејзината ќерка Теа, мајката на Лука си заминала од Белград, таа се грижи за внукот. Теа е помалата ќерка на Маја, за која таа и претходно има изјавено дека е бунтовна и кога нешто ќе науми, никој не може да ја спречи. Постарата ќерка Андреа, живее во Белград.
„Теа си замина, не можам многу за тоа да зборувам. Сега Лука е сиот мој свет, мојот Универзум, сама се борам со неговата болест. Живеам за него и живеам за моментот кога ќе оздраве, но ете, гледате, тој има девет години и уште не зборува“, ни рече Маја.
Во претходно интервју, Оџаклиевска ни изјави дека се надева оти на нејзиниоит внук може да му се подобри состојбата со хипербаричен кислороден третман , во хипербарична комора.
„Сѐ уште не заминавме на тој третман. Таа комора, кога работи, никогаш нема место, или пак не работи и никако да дојде нашиот ред да се обидеме со кислороден третман“, додаде Маја. Таа вели дека со целото срце се труди да му го олесни детството на својот внук.
„Лука можеби не зборува, но е страшно интелегентен. Музиката е неговиот свет, се изразува преку музиката. Еве, сега едвај го задржав да не се качи на сцената додека пееше гостинот од Шведска. Изгледа дека му се допаднала песната. Инаку, за да ни биде весело по дома, му измислувам разни игри и повеќето се поврзани со музиката“, додаде Маја.
Пејачката смета дека за состојбата на внукот е виновна ММР вакцината која ја примил кога имал две години.
„Јас прва ги забележав првите манифестации на аутизам. Затварање, изолација, бегање под маса. Ова се случи еден месец откако ја прими вакцината. Ѝ кажав на ќерката, а кога ни ја потврдија дијагнозата, тргнавме со разни методи на лечење, квантна медицина, биоенергетичари“, раскажа Маја во претходно интервју.
За крај на разговорот, Маја рече е горда на песната „Песочен часовник“ и вели дека е задоволна од нагардата. „Пеевме за песочниот часовник кој на сите нас, постарите, полека ни се троши. Но, мора да се работи и на овие години и од нешто да се живее“.
Милица Џаровска