Актуелно // Insta вести
Класниот на Маркијан ми го разубаве денот: Ребека благодарна на човекот кој месеше лепче и правеше сендвич и пица со нејзиниот син
Познатата пејачка и активистка Ребека Јанковска Ристевски постојано се залага за поголема инклузивност на децата кои се соочуваат со некаков вид на попреченост
Таа и самата е мајка на 17-годишниот Маркијан кој има аутизам и е ученик во специјалното училиште Св.Климент Охридски.
Така овој пат обајви вест која ѝ го разубавела денот, а ќе ви го разубави и Вам.
„АЛЕКСАНДАР е за мене човекот кој ми го разубаве денот денот! Тој е класниот на Маркијан во средното специјално училиште Св.Наум Охридски. Каде што Маркијан учи за помошник кувар.Секогаш насмеан и расположен и покрај сите предизвици! Денес се месеше лепче, правеа сендвичи и пица. Од човекот зависи, нели?!“