Книга на денот: „206 Коски“ од Кети Раикс

Добивај вести на Viber

Кети Раикс, исто како и нејзиниот лик Темперанс Бренан во ТВ-серијалот „Коски ”, е антроополо- форензичар, пораноангажирана во Канцеларијата на главниот судски иследник во Северна Каролина. Денес таа е дел од тимот на Лабораторијата за судска медицина на канадската провинција Квебек, Професор е и на катедрата за антропологија при Универзитетот во Шарлот , Северна Каролина, таа е еден од 77-те сертифицирани форензички антрополози со дозвола за работа од Американското министерство за форензичка антропологија, како и поранешен потпрецедател на Американската акаадемија за форензички науки. Истовремено, Раикс членува и во Одборот за советување на националната полициска служба во Канада .

„Дежа мртов”, првиот роман на Кети Раикс, ја катапултираше во орбитата на славните, кога романот стана број еден бестселер на „Њујорк Тајмс” ја освои  наградата Елис. „Ѓаволски коски” , исто така беше најпродаваната книга според „Њујорк Тајмс”. „206 Коски” е дванаесеттиот роман во низата Темперанс Бренан како главен лик.