Кога е Сузе во прашање, тоа мора да биде гламур: Еве како Гавазова славеше годишнина брак со сопругот Јасмин

Добивај вести на Viber

Фолк пејачката Сузана Гавазова со својот сопруг Јасмин прославија јубилеј од нивниот брак.

Внимателниот сопруг ја изненадил пејачката со букет цвеќе за годишнината од брак.

Гавазова објави заедничка фотографија со сопругот и напиша: „10 среќни години, љубов, нека ни се множат“.

Јубилејната 10 годишнина ја прославиле во ресторан со чаша шампањ.

Исто така таа евоцираше и спомени од нејзината свадба, па објави и фотографија од нивната венчавка.

„На овој датум, јас и мојот сопруг Јасмин Курузовиќ, стапивме официјално во брак. Нека ни е наздравје“, стои на објавата.

Фото: Инстаграм