Кога го видоа на ултразвук, лекарите ми рекоа да абортирам: Не ги послушав, денес мојот син има 6 години и изгледа вака

Добивај вести на Viber

Кога им било кажано дека ќе имаат дете со деформитет, младиот пар знаел дека сака да го задржи бебето без разлика на се‘, иако лекарите, па дури и пријателите ги советувале да абортираат. Не им било гајле што ќе изгледа поинаку и биле подготвени да се жртвуваат за потенцијалните здравствени проблеми на нивното идно дете. Ниту еден момент не се двоумеле, го засакале своето бебе – иако се‘ уште не било ни родено.

Тие биле подготвени да се борат со деформитетот што и да е, абортус не доаѓал во предвид. Кога се родило бебето, Сара и Крис Хелер сакале да ја споделат својата приказна со целиот свет со надеж дека тоа ќе го промени начинот на кој луѓето ги перцепираат децата родени со одредени деформитети, а исто така дека ќе инспирираат некого да се справи со сличен проблем.


„Треба да бидете горди на вашето бебе без оглед на околностите. Сакавме да покажеме дека е можно да се промени она што го покажа ултразвукот, а потоа и првите фотографии од мојот Броди. Мислевме дека треба да им покажеме на луѓето дека е можно да се справат со расцепи на лицето“, изјави Сара Хелер, мајка на мало момче кое е родено со расцеп на усната и непцето.

Синдромот на расцеп на усна се јавува кога одредени ткива не се формираат правилно, а можно е да се види на ултразвук по 12-та недела од бременоста.


Сара и нејзиниот партнер Крис гордо зборуваат за своето мало момче и како и повеќето родители споделија фотографии од него на социјалните мрежи и покрај деформитетот што го имал. Постојано добивале зборови на поддршка од сите страни, но многумина биле и груби и дрски, опсипувајќи ги со прашања што не е во ред со момчето.


„Решив да ги едуцирам луѓето, наместо да ги напаѓам и да се расправам со нив, и тоа сакам Броди да го прави кога ќе порасне. Сакам да ги едуцирам луѓето, да им објаснам што не знаат и да зборувам за децата кои уште немат свој глас“, нагласи оваа храбра мама.

Броди денес има скоро 8 години и имал среќно детство, иако имал неколку операции за неутрализирање на деформитетот.


„Кога се роди Броди, сфативме колку луѓе го имаат истиот проблем. Луѓето од целата земја и светот не‘ контактираа, ни рекоа дека се молат за нас и ја понудија својата помош во се‘ што ни треба“, заклучуваат Хелер.


Фото: Инстаграм