Кога имав интерес на дечко-нула, се појави тој: Мислев дека е скриена камера, но го живеам мојот сон - Јелена Спенџарска среќна како никогаш досега

Добивај вести на Viber

Водителката Јелена Спенџарска веќе подолг период ужива во врската со Лукас од Грција. Таа се пресели и во Солун, а патува до Скопје поради работните обврски

Дека гркот Лукас е многу внимателен маж се докажа и овој пат. Имено тој како вистински џентлмен за Денот на вљубените на Јелена ѝ донесе преубав букет ружи, а таа пак си ја отвори душата на тема љубов како никогаш досега.

„Никогаш претходно не сум била во вака здрава и функционална врска како оваа, мора да признаам. Едно време дури се прашував дали некогаш воопшто и ќе најдам човек со кој ќе поставиме цврсто тло и од таму заедно ќе градиме и заедно ќе растеме. Знам во какво време живеам, свесна сум дека лагата и неверството станаа секојдневие, а не го сакав тоа за себе, па затоа и скоро да изгубив надеж, сигурна сум дека многу од вас сте во ист таков страв како мене, been there, done that, потполно ве разбирам! И после, како гром од ведро небо ми се појави овој човек, во време кога единствено што ме интересираше беше што ќе јадам и дали имам добра слика за постирање денес.... интерес за дечко- НУЛА! И да ја скратам приказната, зашто после тоа веќе знаете, еве сум дома во Солун, in the middle of February, пишувам appreciation post во пижами додека пијам кафе од мојата омилена чаша со две пчели на која пишува GREEK LOVERS и не знам како да го скратам зашто имам тоооолку многу да кажам, онака најискрено, од срце колку оваа врска секој ден ми станува позабавна, поинтересна, колку живот ми дава, колку ме менува како жена..... едноставно тука се чувствувам сигурно, безбедно, разбрано, што и да ми се случува, оваа врска е мојот дом каде се е во ред, можеш се да си кажеш без да бидеш погрешно разбран и секој ама секој проблем има решение. Овој човек ми носи една таква леснотија, да кажеш било што без да ти бидат извртени зборовите или да нема ни грам доза на пасив-агресив, е стварно не верував! Целосна поддршка за се, се што ми треба, се што сакам, доволно е само еднаш да се каже! На почетокот мислев дека е скриена камера ова зашто не ми беше реално, нема да ве лажам, но еве после скоро две години, го живеам овој мој некогашен сон и ми е сосема нормално!
Не сакам ова да испадне како фалење, туку баш напротив, како инспирација да верувате дека таму некаде постои вистинскиот маж за вас покрај кој ќе се чувствувате како богиња иако сте само една обична жена. Да не се задоволувате со малку, со трошки, заборавете на тоа- 'Ќе го сменам јас, ќе се промени, ќе му дадам уште една шанса' , не паѓајте во таа дупка. Длабоко во себе СЕКОГАШ ќе знаете! Life is short!
HAPPY VALENTINES“

View this post on Instagram

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska)