Кога Јелена го виде своето бебе во инкубатор се онесвести! Сите велеа дека треба да се остави во сиропиталиште, а еве каде е денес (ФОТО)
Русинката Дарина Шпенглер (11) е родена без усни и брада. Девојчето никогаш не беше официјално дијагностицирано, но се верува дека малформацијата на лицето е резултат на реткиот Нагер синдром.
Во болницата каде што се породила Јелена Шпенглер, мајката на девојчето Дарина Шпенглер, на почетокот не сакале да ѝ го покажат бебето. Молела да ѝ дозволат да ја види, а кога ја однеле до инкубатор останала шокирана.
- Ми се зацрни пред очите и се онесвестив - вели таа.
После тоа, лекарите ја советувале да го даде бебето во сиропиталиште. Таа и нејзиниот сопруг Јури (49) не сакале да се откажат од детето, па го напуштиле зафрленото село и семејството кое сурово го одбило девојчето.
Кога се опоравила од шокот, мајката со денови се обидувала да го смири новороденчето кое плачело од болка додека од устата му течела крв.
„Таа плаче и крвари од устата“
- Страшно е кога ќе видите како плаче осакатено бебе, а не можете да му помогнете. Дарина плачеше дење и ноќе, а јас плачев заедно со неа - вели Јелена.
Девојчето на шест години имало само 11 килограми бидејќи поради хендикепот не може лесно да внесе храна во телото, а не може и да зборува.
- Би сакала луѓето да престанат да ја покажуваат со прст за да не биде толку несреќна...Можете ли да замислите, влегуваме во продавница, се среќаваме со роднините, а тие веднаш се упатуваат кон излезот и им велат на децата да не гледаат во неа - вели Јелена.
Се случувало луѓето да им кажат на родителите дека треба да стават маска на лицето на своето дете.
И покрај сето она низ кое поминала, Дарина е весела девојка.
- Таа е толку социјална. Ѝ купивме одлични играчки, но ништо не може да ги замени пријателите - изјави мајката Јелена.
Оперирана пред 5 години
Сепак, никој не можел да му помогне на девојчето во родната Русија, но со помош на добри луѓе и хуманитарни здруженија биле собрани пари за лекување на Дарина во Лондон. Тоа го направила кога имала шест години и била оперирана во болницата „Грејт Ормонд Стрит“. Операцијата чинела 67.400 фунти, а била финансирана од руската добротворна организација „Русфонд“.
Нејзината мајка тогаш изјавила дека се надевала дека Дарина полесно ќе дише по операцијата за реконструкција на лицето, но со нетрпение очекувала нејзината ќерка да проговори.
- Не можам да ви опишам колку сакам да го слушнам нејзиниот глас, да ја слушам како вели „мамо“. За мене нејзиниот глас ќе биде најубавата музика на светот - изјави тогаш мајката Јелена.
Желбата на Јелена се исполни, а операцијата на Дарина е успешна!
Девојчето тргнало на училиште во 2021 година, а руските медиуми пренесуваат дека на својата прва учителка ѝ донела букет цвеќе кога веќе имала 9 години. Дотогаш девојката се школувала дома, делумно поради социјална стигма, делумно за да се опорави од големата операција, а не можела ни да зборува како што треба. Во меѓувреме, на Инстаграм профилот на нејзината мајка, Јелена се фали секој пат кога нејзината ќерка ќе научи некој нов збор!
Меѓутоа, она што Дарина најмногу ја израдувало кога одела на училиште биле другите деца, односно новите пријатели!
Извор: блиц.рс