Кога ќе заврши пандемијата, а луѓето ќе се вратат во нормала?
Тековната криза ќе продолжи - се очекувањата на бивша
претставничка на
Министерството за внатрешна безбедност на САД.
Имајќи ги предвид мерките на претпазливост што неодамна ги презедоа многу земји за да се намали ширењето на новиот вид вирус, коронавирусот, кои вклучуваат полициски часови, ограничување на движење на граѓаните, затворање на границите, ограничување на патувањето и колективен карантин, и се она што го попречува нормалниот живот на милиони луѓе, се поставуваат голем број прашања, меѓу кои е можеби и најважното: кога ќе заврши пандемијата и ќе го врати животот во нормала?
Списанието „Атлантик“ објави статија на поранешна службеничка на Министерството за внатрешна безбедност на САД, Џулиет Кајем, која очекува дека ќе продолжи сегашната криза, која фрли сенка врз разни аспекти од животот на луѓето.
Во написот под наслов „Кризата може да трае 18 месеци. Подгответе се“, Кајем вели дека воведувањето „масовни карантини и затворањето на градовите се случило многу брзо“. Во некои случаи, сето тоа се случи за само неколку дена, како што е примерот во Калифорнија, каде беше издадена наредба во четвртокот за сите граѓани да останат дома. Таа потенцира дека нема да биде лесно да се дојде до крајот на кризата и дека брзината на одлуките за карантин и затворање укажува дека тоа нема да се случи во скоро време.
Таа изјави дека има две важни прашања, чии одговори луѓето ќе се обидат да ги добијат со тек на време: кога ќе заврши пандемијата и кога ќе можат да се вратат во нормала ?
Таа објасни дека одговорот на последното прашање не само што подлежи на одлуки од професијата, туку и на морални и политички пресметки за кои никој не сака да расправа гласно.
Кога станува збор за прекинување на пандемијата, Кајем вели дека, според стандардите на јавното здравство, пандемијата на вирусот корона нема да заврши уште 18 месеци. Таа го засилува ставот дека единствено решение за тековната криза може да биде вакцина против вирус, но за тоа е потребно одредено време.
Таа истакна дека победата на пандемијата, која досега однесе илјадници животи и зарази стотици илјади, не зависи само од развојот на ефективна вакцина САРС-КоВ-2, и покрај сите свои тешкотии, туку бара и време за нејзино производство и дистрибуција. Ако тоа не се стори, луѓето сепак ќе бидат ранливи на нови бранови на епидемијата дури и ако се повлече сегашната епидемија, како што е прикажано со неодамнешните извештаи на американската влада и научниците од Империал колеџ во Лондон.
Извор: Аgency/Balkans Aljezzera