Кога ова ќе го исфрлите од домот, влегувате во нов живот: 5 работи кои ви носат беда и ги корнат парите од куќата
Отворете го вашиот дом за нови работи и среќа
1. Облека и чевли кои не ги сакате
Сè што е во вашата гардероба не само што треба да се користи, наместо само да стои таму и да зафаќа простор, туку треба да биде токму по ваш вкус.
Она што не го сакате и ви предизвикува лоша емоција или расположение го блокира протокот на позитивна енергија и треба да се фрли или подари што е можно поскоро.
2. Празни тегли или шишиња
Во куќата чуваме многу работи кои моментално немаат функција во случај да ни требаат, но реално не ви требаат повеќе од неколку празни тегли.
Акумулирањето шишиња и тегли кои немаат функција само се меша со нормалната вибрација на позитивната енергија и не дозволува просперитетот и радоста да влезат во вашиот живот.
3. Оштетени садови
Чинии, тенџериња, чаши, тави... Сè што е во кујната и се користи за приготвување или послужување храна и пијалоци треба да биде цело, односно неоштетено.
Предметите кои имаат секаков вид оштетувања, дури и гребнатини, одбиваат позитивни вибрации.
4. Подароци за кои не ве поврзуваат среќни чувства
На сите ни се случило некој близок да ни подари нешто што не ни се допаѓа или некои предмети во куќата да не потсетуваат на лоши работи, како на пример поранешни љубови или пријателства кои завршиле насилно.
Погрижете се да се ослободите од ваквите работи за да направите простор за некои попријатни спомени во вашиот живот.
5. Стари свеќи
Ако ги прашате експертите за фенг шуи, огнот ја уништува негативната енергија и помага да се ослободи простор за среќа. Токму затоа миризливите свеќи се популарна „помош“ за медитација, релаксација и попријатно чувство во домот, но имајте на ум дека полузапалената свеќа не е корисна - се смета за губење енергија и мора да се замени со нова свеќа што е можно поскоро.