,

Кога видов што држи во рака мојот двегодишен син, ми се преврте желудникот: Мајка откри што се случило по овие фотографии

Децата земаат сè во свои раце, и го ставаат на разни места, понекогаш во уста. Скоро сите родители можат да се идентификуваат со моментот кога очајно бараат нешто со часови, за да сфатат дека двегодишното дете го ставило таму каде што мисли дека треба да стои.

И тогаш, постојат вакви ситуации кога повеќето мајки и татковци не знаат дали да се смеат или да плачат!
Една мајка од Велика Британија го сподели своето искуство со палаво двегодишно дете кое реши да ја изриба ВЦ школката во тоалетот.

„Поголемото дете ми се јави додека бев во дворот и рече дека помладиот син си игра со тоалетот. Веднаш побрзав дома. Имав што да видам! Ми ​​ја зел четката за заби и ја рибаше внатрешноста на ВЦ школката", напиша Никола Стит на една Фејсбук група за родители.

„Го фотографирав и се смеев, но не требаше да се смеам, затоа што неколку дена подоцна го најдов како го прави истото со новата купена четка“, се пожали таа.

Во коментарите, луѓето го привлекоа вниманието на фактот дека најверојатно тоа не му е прв пат!

„И моето дете го стори тоа, а јас сфатив дури кога ја зедов четката за заби за да ги измијам забите и го почувствував силниот вкус на средството за дезинфекција“, напиша една мајка.

„Кој знае колку пати го сторил тоа без да знаете вие“, додаде друга мајка.

фото:FACEBOOK/NICOLA STITT
извор:mondo.rs

Поврзани вести:

-Мајка на 11 деца води тешка борба со „планина“ од облека за перење: Никогаш нема крај ...
-20 часа се обидував да ѝ ја отплеткам косата на ќерка ми: Луѓе мои, ми се плачеше