20 часа се обидував да ѝ ја отплеткам косата на ќерка ми: Луѓе мои, ми се плачеше
Секој што ќе ја погледне оваа слика веднаш знае дека оваа мајка има ненормално силни нерви.
Драги мајки, што би направиле ако вашата ќерка дојде со ваква „средена“ фризура?
Мајка од Пенсилванија се најде во незавидна ситуација кога кај неа дојде шестгодишното девојче со заплеткана коса полна со ситни „бушави“ топчиња.
„Ноа и Абигејл отидоа во подрумот за да играат и десет минути подоцна Ноа истрча кај мене со приказната за тоа како Абигејл „заглавила нешто во косата“.
Кога ја видов ќерка ми, доживеав шок.
150 минијатурни бушави топки ѝ беа заплеткани во убавата долга коса!
Ми требаа 3 часа да извлечам само 15 од овие топчиња од нејзината коса.
Кога сопругот се врати од работа, тој предложи да ѝ ставиме масло на косата, мислејќи дека ќе им помогне на топчињата „полесно да се излизгаат“, но тоа само ја влоши ситуацијата. Тогаш успеав да извлечам само уште околу 10 топки.
Веќе беше еден часот по полноќ и Абигејл веќе не можеше да ги држи отворени очите.
Не можев да замислам да ѝ ја скратам. Јас сум некој што обожава долга коса кај мали девојчиња.
За среќа, следниот ден беше сабота. Се вооружив со трпеливост и чешел и почнав да и ја одплеткувам косата. Таа гледаше Јутјуб, а јас чешлав, вадев, чешлав… По долги 20 часа ѝ ја извадив последната топка од косата.
Ја спасив косата!
Фала му на Бога што не беше толку оштетена како што мислев дека ќе биде. Прстите ми беа буквално отечени, но вредеше“, напиша Лиса под фотографијата на своето мало девојче објавена на Фејсбук.
Што би направиле вие во оваа ситуација? Нова кратка фризура или 20 часа чешлање?
извор:zenskikutak.rsфото:Facebook
-(ВИДЕО) Симпатично, а тажно: Девојче родено во 2020 година мисли дека сè околу неа е за дезинфекција на раце
-10 фрази наместо „Престани да плачеш“: Одлични совети за сите родители
-Децата мислат дека парите паѓаат од небо: Иван Босиљчиќ со моќна порака до родителите