Кога забременила на 19 години родителите ја сместиле во лудница: По половина век несреќната жена доживеала чудо

Добивај вести на Viber

Во средината на минатиот век било голем срам да се забремени надвор од брак, а абортусите не беа легални освен под еден услов, затоа Џули, штотуку полнолетна и бремена, била измамена од нејзините родители на најподмолен можен начин.

Џули Маникс фон Цернек имала само 19 години кога завршила во психијатриска болница, но причината поради која родителите ја испратиле во ментална институција не била нејзината психичка состојба или некоја болест.

Имено, Џули имала еден проблем - забременила со своето момче. Меѓутоа, откако дознала дека е бремена, Џули открила дека нејзиното момче Френк всушност е оженет маж. Нејзините родители полуделе кога ја дознале вистината и сакале да ја натераат да абортира, но во тоа време (1963) абортусите биле нелегални, па родителите смислиле план.

Абортусите биле легални само во случај на тешка физичка или ментална болест на трудницата. Поради ова, мајката се договорила со докторот да и каже на Џули дека е депресивна, во што девојката на крајот поверувала. Мајката била задоволна бидејќи се одело според планот. Не сакала да дозволи општеството и соседите да дознаат дека нивната ќерка е бремена од оженет маж.

Сепак, Џули на крајот одбила да абортира. Таа го родила бебето во психијатриска болница и и го дала името Ејми. За жал, морала веднаш да ја даде на посвојување бидејќи едноставно немала друг избор. Ден подоцна ја напуштила болницата и се вратила дома, каде ја пречекала забава организирана од нејзините родители. На соседството и пријателите им кажале дека нивната Џули цело време била во Африка.

Таткото на нејзиното дете, Френк, кога ја дознал целата вистина, поднел барање за развод и се оженил со Џули во 1965 година. Тие се преселиле во Њујорк, каде што Џули станала актерка. И после долги години добиле писмо кое навистина ги изненадило. Жената по име Кејтлин Мери Вистлер им одговорила и им објаснила дека таа е нивно дете, дека всушност таа е Ејми која Џули морала да ја даде на посвојување. И покрај тоа што не живеат блиску, конечно успеаја да се спојат.



Извор: курир.рс