Кои работи треба да ги барате при избор на осигурителна компанија?

Добивај вести на Viber

Осигурувањето е економска потреба која обезбедува  финансиска сигурност за евентуална штета, која може, но и не мора да се случи. Токму затоа нема дилеми дека е потребно да се има осигурување, а дилеми може да постојат само за тоа од кои ризици сакате да се заштитите и во изборот на осигурителната компанија на која ќе и ја дадете својата доверба.

При избор на осигурителна компанија, многумина се одлучуваат за понуда за осигурување со најевтина цена. Се разбира, важно е колку трошите на премијата за осигурување, но има и други фактори што треба да се земат предвид. Еден од нив е избор на полиса која нуди токму она што најмногу ви одговара. Затоа е многу важно да се направи споредба на понудите и да се утврдат придобивките од различните понуди.

Секоја полиса за осигурување има различно покритие и придобивки за осигуреникот. Факти што треба да се земат предвид при споредување на понудите за осигурување се видот на осигурување, обем на покриеност, сопствено учество во штета - франшиза, начин на склучување договор, како и максималниот потенцијален износ што осигурителната компанија треба да го плати. Можете да се осигурате од разни непредвидени настани: штети во домот, кражби, природни катастрофи, пожари, поплави, губење багаж за време на патување, повреди на работа, а може да обезбедите и повисоко ниво на здравствено осигурување за себе и своето семејство.

Во секој случај, кога потпишувате договор за осигурување мора точно и целосно да бидете информирани за специфичниот вид осигурување и да бидете свесни што точно тоа обезбедува како финансиска заштита за платената премија. Затоа треба да склучите само договор за осигурување што го разбирате и точно знаете кои се вашите права и обврски, но и правата и обврските на осигурителната компанија.

Едно е сигурно - вистинската осигурителна компанија за вас е онаа што ви обезбедува соодветно покритие со квалитетни производи и разумни цени на осигурување, а во исто време има добра репутација за услугите и финансиска можност да ги исполни своите обврски.

Токму таква компанија е Кроација Осигурување која во својата понуда вклучи и три осигурителни пакети – CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR. Овие пакети претставуваат комбинација од различни видови осигурувања кои се најбарани, така што секој може да одбере она што смета дека му е најважно да го осигура. Пакетите содржат и гратис производи, а истовремено обезбедуваат и дополнителни бенефити и голема заштеда за клиентот.Основниот пакет CRO START ги содржи осигурувањата кои најмногу ги користат клиентите – домаќинско осигурување, каско осигурување на патнички возила и осигурување од незгода, индивидуално или семејно. ПакетотCRO SMARTвклучува домаќинско осигурување, осигурување од незгода и дополнително здравствено осигурување CROCARE коe покрива 100% трошоци за здравствени услуги во приватни здравствени установи, различни во зависно од пакетот. Пакетот CRO SUPERIOR, пак,вклучува домаќинско, каско и здравствено осигурување, а гратис следува осигурување од последици од незгода.


ПР Објава