Кои се првите дами на двете Кореи кои имаат нешто заедничко?
На прв поглед двете корејски први дами, кои вчера присуствуваа на свечената вечера по историскиот состанок меѓу нивните сопрузи, имаат многу малку заеднички работи.
27 годишната сопруга на Ким , Ри Сол Џу потекнува од изолираниот дел на Северна Кореја, а сопругата на јужнокорејскио претседател Мун Џае Ин, Ким Јунг Сук (63) е родена на капиталистичкиот југ, но двете имаат страст кон музиката.
И двете, пред да се омажат биле професионални пејачки.
Сопругата на Ким наводно има 27 години и потекнува од семејство лекари од Пјонгчанг коjа е дел од севернокорејската политичка елита. Бројни извори тврдат дека цел живот е одгледана да му биде сопруга.
Средно школо завршила во Пјогчанг а музика студирала во Кина што не е необично бидејќи е познато дека Ким е голем обожавател на танцот и песните.
Првата дама на ова сиромашна држава наводно е сколна кон луксуз , па во 2012 година е забележана со чанта на Диор вредна повеќе од 1000 фунти. Парот се венчал во 2009 година, но Ри службено е претставена како сопруга на Ким дури во 2012 година. Се претпоставува дека парот има 3 деца.
Сопругата на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин е професионална пејачка а пред да се омажи за сегашниот сопруг пеела во Селуското градско здружение.
Со растот на политичката важност на сопругот, Ким , следејќи го на важни настани, покажала дека е многу отворена и весела личност, за разлика од Мун кој често го опишуваат како мирна и блага личност.
Своите пејачки способности ги покажала неколку пати во текот на јавните настани, а во текот на минатогодишната посета на Филипините пеела со Псај Гангам Стајл, за разлика од повеќе присутни први дами кои мирно седеле до своите сопрузи.
Парот се запознал на Универзитет во Сеул каде Ким студирала класично пеење а Мун право. Тој бил продемократски активист, кој тогаш активно се противел на воено дикаторство.
Мун подоцна признал дека Ким целосно го освоила додека се грижела за него откако останал без свест во текот на протести на факултет. Била покрај него и додека служел казна затвор поради активизам.
Интересно е дека Ким го запросила Мун, што е реткост во конзервативната Јужна Кореја. На бракот се противеле нејзините родители незадоволни од неговото скромно потекло.