Која е Македонката со еден од најмоќните стилови на облекување: Софистицирана модна икона
Таа има стил на Парижанка, став на супер модел и е безвременска убавица - Оливиа Јаневска е Македонка по потекло од Битола, но живее во Мелбурн, Австралија.
Девојката која апсолутно ни го привлече вниманието на социјалните мрежи и не' освои со својот стил, став и убавина.
Комбинира многу вешто париски и ориентален стил, а многу луцидно ги инкорпорира модерните светски текови.
Оливиа активно споделува фотографии од нејзините егзотични патувања и посети на уникатни светски места, а нејзините вешти модни комбинации се секогаш во прв план.
Oливиа средно училиште завршила во Битола, а потоа се преселува во Мелбурн каде што дипломирала на отсек маркетинг на Royal Melbourne Institute of Technology, каде што била прогласена за студент на годината во конкуренција од 28.000 студенти.
Тоа и овозможило во наредните пет години да работи во австралиската Федерална Влада како комуникациски советник.
*Р.Ж.М
фото: facebook/Olivia Janevska