Која е убавата Јулија, уапсена со основачот на Телеграм во Париз? Апликацијата вели: „Тој нема што да крие“
Од апликацијата Телеграм рекоа дека нивниот извршен директор
Павел Дуров „нема што да крие“ откако бил фатен во Франција, додавајќи дека
обвинувањата против него се „апсурдни“, пишува Sky News.
Инаку, Павел не бил приведен сам на францускиот аеродром, тој бил придружуван од Јулија Вавилова.
Таа и Дуров често престојуваат на исти места, но во јавноста не е познато дали се во некаква врска или само се дружат.
На фотографиите кои таа ги сподели на мрежите се гледа дека била во приватен авион чија внатрешност наликува на приватниот авион со кој Дуров патувал во Париз.
Милијардерот, основач на шифрирана апликација за пораки, беше приведен откако неговиот приватен авион слета на аеродромот Ле Бурже на периферијата на Париз во саботата.
Истрагата утврдила недостаток на модератори на Телеграм и потенцијалните криминални активности на корисниците, пишува Sky news.
Радиодифузерите BFMTV и TF1 цитираат неименувани извори кои велат дека претприемачот со руско потекло, кој станал француски државјанин во 2021 година, бил предмет на налог за претрес.
Да потсетиме, на Павел Дуров (39), милијардерот, ко-основач и извршен директор на апликацијата за пораки Телеграм, кој беше уапсен на аеродромот Бурж во близина на Париз, му се заканува долга затворска казна.
Дуров патувал со својот приватен авион, а како што наведува телевизијата ТФ1, повикувајќи се на неименуван извор, веднаш по слегувањето паднал во рацете на жандармеријата, која дошла по него врз основа на налог за апсење, кој е во сила во Франција. Се верува дека Дуров патувал од Азербејџан. Тој бил уапсен околу 20:00 часот, а придружуван од телохранител и женско лице.
Павел Дуров денеска треба да се појави пред истражниот судија кој ќе одлучи дали ќе го прати во притвор, но шансите за негово ослободување речиси и да нема.
Фото: Инстаграм/Фејсбук