Колку чини трансформацијата на Теодора Џехферовиќ? Сите го коментираат нејзиниот изглед, а во прашање се милиони

Добивај вести на Viber

Теодора Џехверовиќ ги остави сите без зборови со новиот изглед кој го претстави на промоцијата на својот албум

Пејачката Теодора Џехверовиќ ја организираше промоцијата на својот нов албум „Жена без адреса“, на која дојде во долг сребрен фустан кој ги истакна нејзините совршени облини. Иако бујното деколте паѓаше во очи, сите гледаа во нејзиното „ново лице“. Таа целосно го промени изгледот - сега има црна коса, а забележливи се и естетските корекции. 

View this post on Instagram

A post shared by (@teodoradzehverovic)


Теодора ги „доправи“ јагодиците, направи „мачкини очи“, ја затегна брадата, ја смени бојата на косата... Многумина коментираа дека додала уште неколку броја на градите. Набрзо почнаа шпекулациите за тоа колку всушност чини таквата трансформација.

Во ценовниците на естетските клиники во Белград стои дека цената за еден ваков зафат се движи од 250 до 5.000 евра.

Подигнувањето и отсекувањето на аглите на очите и веѓите (мачкини очи) се движи од 4000 до 5000 евра, подигањето на јагодиците чини во просек од 250 до 1000 евра, ботоксот - 350 евра.


Корекција на силиконски гради или задник се движи од 900 до 4.000 евра, додека затегнувањето на брадата чини околу 1.300 евра. Шминката за ваков настан ја чинела пејачката околу 150 евра, додека за продолжување, фризура и фарбање потрошила најмалку 500 евра.

Кога сѐ ќе се собере, Теодора за својот нов изглед потрошила околу 12.000 евра. По ова појавување, пејачката сите ја споредија со колешката Катарина Живковиќ, но и со сестрата на Луна Ѓогани, Нина.

Погледнете и како изгледаше Теодора на почетокот на кариерата: