Колку емоции! Ќерката на Владo Георгиева истрча на бината и му се фрли во преграткa (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Познатиот текстописец и пејач Владо Георгиев одржа концерт во Сава Центар пред полна сала, каде на публиката и приреди незаборавно музичко искуство, но и трогателен момент со својата ќерка Елена.

Исполнета до крај, присутните во салата биле во транс додека Георгиев ги изведувал своите најголеми балади и хитови кои ги освоија срцата на љубителите на музиката ширум Балканот.

Сепак, најпосебниот момент од ноќта се случи кога пејачот на сцената ја покани својата ќерка. Нејзината срамежливост, заедно со неговите шеги и насмевка, предизвикаа лавина од аплауз и одушевување.

- Не ти е срам да излегуваш на сцена, а срам ти е да ја поздравиш публиката. Кажи: „Многу ве поздравувам сите и одам на моето место“ – се пошегувал Владо.

View this post on Instagram

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

Преслаткото девојче ги насмеа присутните со своето едноставно „Чао“, кое наиде на громогласен аплауз.

Освен што овој момент предизвика насмевки на лицата на присутните, Георгиев уште од самиот почеток го исполни концертот со емоции. По првата песна му дојдоа солзи, а неговата емотивна порака за специјалната вечер остави силен впечаток кај публиката.

-Да ви посакам добра вечер во оваа прекрасна сала, нова е, нови седишта, се е убаво. Сакам да ви кажам дека вечерва имам сосема посебна емоција, но за да остане се во духот на концертот, нема да зборувам за тоа, важно ми е вечерва да си поминеме одлично и џентлменски.

Инаку, Георгиев распродаде дури три концерти во Сава Центар, а четвртиот е на добар пат да биде целосно распродаден, што е доказ за неговото огромно влијание и популарност.

Фото: Принтскрин видео
Извор: Telegraf.rs