КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ПОТРОШИТЕ ЗА ОДМОР НА ХАЛКИДИКИ, ОВА СЕ ЦЕНИТЕ НА ЛЕЖАЛКИТЕ: На списокот се и пивото, јагодите, кафето

Ако цените на Халкидики, едно од најпопуларните грчки одморалишта за нашите луѓе, останат исти во сезоната како и сега - ќе бидете пријатно изненадени.

Репортерите на порталот Телеграф Бизнис го посетија местото каде детално ги разгледаа ценовниците, и на плажите, и на пазарот, и на рестораните и според истраженото, за одмор на Халкидики, нема да треба да се одвојат повеќе од 100 евра по лице за храна и лежалки во текот на 10-те дена одмор.

Една лежалка на плажа чини 5 евра и со неа добивате бесплатен интернет, но без пијалоци. Доколку сакате да пиете и кафе, подгответе се да потрошите од 1,3 до 3 евра, во зависност од тоа дали нарачувате еспресо или нескафе.


Деталите читајте ги на Фактор тука.