Конечно и во Македонија: Лично банкарство според швајцарски стандарди

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка цели да стане банка лидер на пазарот кога станува збор за ориентираност кон клиентите, последните истражувања покажуваат дека банката е на прав пат!

Минатиот месец банката го прослави својот четврти роденден како под тоа име настапува на македонскиот пазар. Во месец мај 2016 година Силк Роуд Банка станува правен следбеник на тогашната Алфа Банка, со целосна нова сопственост и швајцарски капитал. Во континуитет, банката е една од  првите домашни банки со приватен капитал, основана во 1993 година под името Кредитна Банка АД Скопје.

Она што ја одвојува банката од другите банки на домашниот пазар е тоа што во последните четири години како што банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје се примена на критериумите на модерните банкарски принципи кои налагаат креирање на понуди каде клиентите се во центарот на вниманието. Според некои од направените истражувања за задоволството на граѓаните од понудите на банките, може да се констатира дека клиентите на банката се позадоволни од услугите кои ги добиваат во банката дури и од клиенти на банки со поголемо пазарно учество во државата.

Од банката велат дека и интерните истражувања кои редовно ги прават за своите потреби како што се истражувања за задоволството на клиентите и истражувања по пат на таен клиент „mystery shopping“, говорат дека клиентите на банката се целосно задоволни од продуктите и услугите  кои ги добиваат од банката. Едни од главните карактеристики за банката се брзо и ефикасно работење, добивање на персонализирана услуга и одговори во брз временски интервал, како и секако задоволство од понудата на специјално дизајнираните производи и банкарски услуги за различните таргет групи.

Во однос на персонализираната услуга, раководителите на експозитурите на банката не само што се одговорни за целокупното работење на експозитурата, туку се и во својство на лични банкари на своите клиенти, достапни во секој период од денот. На овој начин секој клиент во било кое време добива точни информации и стручни совети за сите свои сегашни и идни планови во врска со финансиските предизвици со кои се соочува или би се соочувал во иднина. Вработените во Силк Роуд Банка се одликуваат со високо ниво на образование, комуникациски вештини, како и стручни и лични особини.

Една од карактеристиките на банката не е само понуда на класични банкарски производи и услуги во своето портфолио во делот на население и корпоративен сектор, туку и изготвување и дизајнирање на персонализирани понуди на барање на клиентите за задоволување на нивните специфични потреби со кои се соочуваат. Секој клиент е приказна за себе, секој има различни потреби и можности и поради тоа банката секогаш се обидува да излезе во пресрет на различните барања на клиентите.

Банката е единствениот лиценциран издавач на American Express картички на домашниот пазар. American Express е еден од најпочитуваните светски брендови во делот на давање на финансиски услуги и работа со платежни картички. Кредитната картичка American Express Gold нуди неспоредливи привилегии, висококвалитетна персонализирана услуга ширум светот, престиж, бесплатно патничко осигурување, патна помош и многу други придобивки кои одговараат на различните начини на живот.

Нови производи, поволни наменски и ненаменски кредити, се само дел од понудата на оваа банка. Искуството покажува дека банката во континуитет ја надоградува соработката со клиентите олеснувајќи им ги односите и функционирањето, секогаш кога има потреба за тоа.

Банката верува во долгорочните односи со своите постојни и идни клиенти, физички лица и компании, а работата со клиентите ја заснова на одликата „Кога бизнисот станува пријателство“.