Конференција за Невромаркетинг – иновативен пристап за анализа на однесувањето на купувачите

Добивај вести на Viber

Едукативниот центар М6 и агенцијата за истражување Импала ја организираат првата конференција за Невромаркетинг, под наслов “The Future of Neuromarketing – Innovations and Insights for Tomorrow’s Leaders”. Конференцијата ќе се одржи на 20 јуни, 2023 г. во просториите на М6 едукативен центар.

Во рамките на конференцијата, учесниците ќе имаат можност да слушнат презентација од еден од најголемите експерти на темата во регионот, Д-р Николаос Димитриадис, да добијат повеќе информации за примената на техниките на невромаркетинг во пракса од страна на претставници на академската и бизнис заедница, и лично да ги испробаат алатките за невромаркетинг.

Невромаркетингот е една од најнапредните методи за анализа и следење на однесување на купувачите без разлика дали станува збор за физички или онлајн продажни места, но и за нивните реакции за визуелните решенија, кои се употребуваат за рекламирање на одреден производ или услуга. Дополително, оваа техника има примена и во поширока смисла, односно е исклучително корисна во делот на дизајн на производи, областа на човечки ресурси и бизнисот во целост.

Пријавувањето за овој одличен, едукативен и информативен настан е веќе во тек преку веб страницата на M6 едукативен центар, a картите за рано пријавување чинат 4,500 денари.

М6 едукативниот центар во своето 15 годишно постоење е домаќин на голем број настани кои се издвојуваат по својата уникатност и можноста да се оди чекор напред во дополнителната едукација, која е неизбежен двигател за индивидуален и професионален развој.

Агенцијата Импала работи во доменот на истражување и развој на нови, иновативни методи за евалуација на човековото однесување, овозможувајќи квалитетна основа за креирање на ефективни маркетинг и бизнис стратегии. 


ПР објава