Копија на мама: 16-годишната ќерка на Моника Белучи заблеска на насловната страница на ELLE

Ќерката на актерска двојка - Белучи и Винсент Касел полека, но сигурно се стреми кон успех во светот на моделите.

Дева Касел (16), ќерка на Моника Белучи (56) и Винсент Касел (54), се појави на насловната страница на француското издание на престижниот моден магазин Elle, а познатата италијанска актерка не криеше на Инстаграм колку горда мајка е.

Моника ја сподели насловната фотографија, која собра скоро 100.000 лајкови.



На Дева ѝ предвидуваат одлична кариера во светот на моделите и светла иднина, најмногу заради убавината и цртите на лицето кои ги наследила од нејзината мајка, која важи за една од најубавите жени во светот.

Поранешната двојка Моника и Винсент од бракот, покрај Дева, ја имаат и помладата ќерка Леони.

Иако веќе долго време не се во брак, тие заедно ги одгледуваат своите наследници.

извор:zenskikutak.rs