Коронавирусот ги потроши топломерите и парацетамолот: Македонци од Лондон сведочат за Фактор

Добивај вести на Viber

Не постои голем страв поради ширењето на коронавирусот во Лондон, но се забележува нервоза од неизвесноста. За луѓето се невообичаени редиците пред големите маркети или пред аптеките, сведочи Роберт Мех, Македонец, кој веќе 20 години живее во Лондон. Вели дека во изминативе неколку денови во аптеките во Лондон едноставно нема да се купи топломер.

-Најверојатно во паника, а и поради апелите на владата веднаш да се пријавуваат оние кои имаат симптоми на коронавирусот, а еден од нив е температурата, овие денови во аптеките се потрошија топломерите. Исто така, го снема и парацетамол, отако пред некој ден имаше информации, во случај на повишена температура да не се земаат други антипиретици освен парацетамол, вели Мех.

Не се прават посебни залихи на храна, но заради почитувањето на мерките, редиците пред маркетите за храна се честа глетка во Лондон. Мех појаснува дека се купува вообичаено како и секаде: тестенини, брашно и тоалетна хартија и средства за хигиена. Рестораните за брза храна работат само Take away.

Целиот текст за состојбата во Лондон прочитајте на Фактор