Коронавирусот ја менува традицијата на кралското семејство: Вака Кејт и Вилијам ќе го слават Велигден оваа година
Оваа година, како и остатокот од светот, кралското
семејство ќе го поминат Велигден на малку поинаков начин
Иако во кралското семејство се почитува строга
традиција кога станува збор за славење Велигден, со оглед на пандемијата на
коронавирусот што го мачи светот, годинешните планови се малку поинакви.
Протоколите што се почитуваат оваа година ќе бидат
изоставени, а Кејт и Вилијам ќе ги поминат празниците со своите деца подалеку
од традицијата.
Според британските медиуми, тие моментално се
наоѓаат во Норфолк, со своите деца, шестгодишниот Џорџ, четиригодишната Шарлот
и наскоро двегодишниот Луис, одвоени од остатокот на семејството.
Според протоколот, Кејт и Вилијам ги поминуваат
своите утра со кралицата Елизабета со нивните кралски должности, а децата им се
придружуваат дури подоцна во текот на денот.
Оваа година, околностите ќе им овозможат да бидат во
нивно друштво цел ден, а тоа време да биде креативно и забавно, Кејт смислила
богата програма, пренесуваат британските медиуми.
Деновиве, во изолација, двајца ги користат и за
комуникација со следбениците на социјалните мрежи преку Инстаграм, па така ги
изненадија учениците од училиштата со видео покана, им се заблагодаруваат на
нивните родители за помошта за одржување на државата за време на пандемијата.
Училиштата во Велика Британија се затворени веќе
три недели, меѓутоа, тие се отворени за деца на здравствени работници во
болниците и други клучни сектори, пренесува Ројтерс.
Елизабета II ја подготвува Кејт за кралица: Војвотката заблеска во зелено