Коронавирусот ќе нè смени како вид, мора да се бориме за опстанок: Бразилски физичар за Си-Ен-Ен

Добивај вести на Viber

Бразилскиот физичар и астроном Марсело Глејстер го коментираше коронавирусот за Си-Ен-Ен. Пред овој развој, неговата генерација, како и милијарди помлади и малку постари, успеаа да избегнат големи глобални кризи.

Минатата недела наполнив 61 година и сега, како и милиони други луѓе ширум светот, влегувам во категоријата со поголем ризик за коронавирус, коментира бразилскиот физичар и астроном за Си-Ен-Ен. За разлика од нашите родителите и дедовци и баби, продолжува Глејстер, ние не сме се соочиле со трагедијата за време на двете светски војни, ја избегнавме нуклеарната војна за време на Кубанската ракетна криза во 1962 година, а и Студената војна. Но, сега среќата ги напушти Глејсер и неговата генерација, а оваа 2020 година ќе биде запаметена како пресврт во човековата историја.

Со пандемијата коронавирус која со полна сила удира ширум светот, со неверување се гледа како бројот на мртви расте. Но, пандемијата е тука и ќе станува полошо пред работите да започнат да се подобруваат. Колку ќе станува полошо, зависи од сите нас, смета Грејсер. И тоа се добри вести.

„2020 година ќе биде запаметена како пресврт во човековата историја. Не само затоа што многумина ќе умрат, утку затоа што пандемијата КОВИД-19 ни нуди можност за повторно да се пронајдеме себе. Војните ги присилуваа граѓаните на една нација да одговораат како еден. Кога граѓаните на една земја се нападнати, тие се мобилизираат за да се соочат со заедничкиот непријател. Откако САД се приклучи на Втората светска војна, градовите ги рушеа железните огради и собираа метален отпад за тенковите и оклопните возила, а во желба да се победи непријателот заедниците се натпреваруваа. Старавот ја поттикна акцијата“ - истакнува Грејсер и додава дека се соочуваме со глобален непријател.

„Перверноста на пандемијата е во тоа што погодениот домаќин ја шири болеста, забрзувајќи ја смртта на својот сопствен вид. Кога еднаш ќе се заразиме, би можеле ненамерно да го убиеме секој кој ќе ни се најде на патот, вклучувајќи го и своето семејство и пријатели. КОВИД-19 ќе не промени како вид. Мораме да одговориме не само како нација која се бори против непријателот, туку и како вид кој се бори за својот опстанок. Вирусот нема да се избриша, но ќе предизвика невидена болка и губиток, ќе ги дестабилизира глобалните пазари и ќе направи пресврт во нашето секојдневие во надреален свет. Нашата ранливост и меѓусебна зависност се потполно изложение“ - истакнува Грејсер.


„Нашата глобална меѓузависност е од суштинско значење за нашиот опстанок и стабилноста на општеството, емоционална и практична. Каде би биле без нашите здравствени работници и оние кои нашите домови ги снабдуваат со енергија и греење, оние кои ги полнат полиците во продавниците и ги чуваат нашите улици“ - се прашува.

 

Целиот текст прочитајте го на Машки магазин