Корпоративната донација креира дом за секое дете
„Живеењето и работењето во 2020 година, во услови на светска пандемија, не засегна сите. И професионално и приватно и допре во секоја сфера на нашето живеење. A најмногу во клетката на нашето живеење - нашите семејства, нашите блиски и нашите колеги за кои здравјето и сигурноста се прв приоритет. За СОС Детско Село приоритет беа 590 деца, млади и семејства на кои им требаше нашата и вашата помош и поддршка“.
Со овие емотивни зборови, националниот координатор на СОС Детско Село, Јулијана Гапо, се заблагодари на сите донатори кои со својата корпоративна филантропија овозможија децата и младинците да ја живеат својата иднина. По повод Светскиот ден на човечката солидарност, СОС Детско село го организираше традиционалниот настан „Едно семејство“, на кој исто така, ги повика сите корпоративни и индивидуални донатори да ја покажат својата солидарност.
Оваа година, Статуетка за Најголем корпоративен донатор добија Пивара Скопје, Осигурување Македонија и Агенцијата за електронски комуникации.
„Како компанија сме особено горди на нашето долгорочно партнерство со СОС Детско село. Тоа е составен дел од нашата континуирана поддршка на заедницата и на општествено одговорните активности и иницијативи во повеќе области, на чија реализација остануваме секогаш посветени, дури и во услови на пандемија. Во рамки на ваквото делување, сакаме да дадеме личен печат и придонес за унапредување на квалитетот на животот на луѓето и на заедницата на која ѝ припаѓаме. Сите вработени во Пивара Скопје сме посебно горди и се радуваме на нашите волонтерски активности идружењето со децата од СОС Детско село со кои секогаш споделуваме многу убави и радосни моменти во текот на целата година. Оваа година поради пандемијата ќе ги организираме да присуствуваат на заедничка on-line Новогодишна дружба заедно со децата на нашите вработени“, порача Горан Сладиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“.
СОС Детско село преку програмата за грижа, советување и менторство за млади, во рамки на настанот „Едно Семејство” организираше и продажна изложба на делата на Мартин Буровски како можност за поддршка на младиот и надежен уметник во развој на неговата професионална кариера. На настанот беа изложени 12 продажни уметнички дела и компаниите и индивидуалците несебично го поддржаа младиот уметник. Упатуваме посебна благодарност до Пакомак, Винарија Тиквеш, Веро Маркети, ЈП Водовод и Канализација Македонија, Пивара Скопје, до Симона Димитрова и Силвана Ивановска кои купија уметнички дела.
Плакета за поттикнување индивидуална филантропија добија ЈПВодовод и канализација Македонија и ВЕРО Маркети.„Да се биде дел од големото семејство на СОС Детско село е привилегија и чест а да се поддржи неговата мисија е навистина благородна работа. Нашата цел како општествено одговорно претпријатие е да делуваме на подигнување на свеста за есенцијалното значење на индивидуалната филантропија. Продолжуваме посветено за исполнување на едни поинакви желби во нашата заедничка успешна приказна“, вели генералниот директор на ЈП Водовод и Канализација - Скопје, Душко Весковски.
Според неговиот колега, генералниот директор Петар Денковски на ВЕРО Маркетите, „компанијата Веро како општествено одговорна компанија и во услови на пандемија ќе продолжи да иницира и реализира хуманитарни активности посветени на ранливите групи. Оваа компанија силно верува во начелото на СОС Детско село дека Ниту едно дете не треба да расте само и во согласност со компаниското начело „Се грижиме едни за други“ ќе продолжи да им дава поддршка на најмладите давајќи придонес кон напредокот на целата заедница“.
Плакети за значаен придонес и поддршка добија компаниите Кап Карго, Пакомак, Хуссе-Кордеа, Гранит, Битолска Млекара, Алкалоид АД Скопје, Тулбе БВ, Форма, Фармахем, Унија Финансиска, Еко Мозаик, Макпрогрес, АД Др Пановски.
За поттикнување филантропија кај вработените плакета добија Шпаркасе Банка и Илинка Захарчева Буддс – Google.
Благодарница за придонес и поддршка во 2020 година добија Везе шари, Комисија за хартии од вредност, Бест Веј, Аптив, Аптека Ани Фарм, Мебел Ви, Шортлист ЛЛЦ, Тиан Де, Перутнина Птуј, Боград Струга, Бе-Да Логистик, Тетекс Ад Тетово, Експекта Медикал, Дабар Дооел, Пекабеско АД, Вато Доо, Цилиндо Интернационал, Блиц Инженеринг и Салекс ИНГ.
Солидарноста и љубезноста кон другите е најдобрата човечка особина, таа не разбира јазик, таа не разбира граници или религии, туку таа почива на нашата универзална вредност- човечноста. Да работиме сите заедно на тоа да сите деца и млади, живеат во општества каде што сите ќе имаат право на подеднаква среќа и да се стремиме колективната среќа и љубов на заедницата да биде неизоставен порив на секој човек И СЕКОЕ ДЕТЕ ДА ИМА СВОЈ ТОПОЛ ДОМ, СЕМЕЈСТВО И РОДИТЕЛСКА ГРИЖА И ЉУБОВ!
Успехот на СОС Детско село, успехот на многу деца и младинци и на многу родители од ранливи категории би бил некомплетен без поддршката и солидарноста на бројните партнери, донатори и соработници од корпоративниот сектор и индивидуалните донатори. Благодарение на нивната несебична поддршка, СОС Детско село ги менува животите на децата, младинците и семејства во ризик.