Кралу мој, ми подаде рака кога ми беше најпотребна: Најмотивното простување од актерот Гоце Влахов
Познатиот македонски актер Гоце Влахов, денеска почина на 70-годишна возраст, после храбра шестгодишна борба со ракот. Неговата сопруга и ќерка со длабока болка и тага ја соопштија веста на социјаните мрежи и кажаа дека за сите оние кои сакаат да му оддадат почит, погребот ќе се одржи на 30.07 (вторник) во 11 часот во капелата во Бутел.
Со актерот препознатлив по улогите во Македонските народни приказни, како и во многу претстави и серијали, од кои и „Во светот на бајките“, се збогуваат и колегите на социјалните мрежи.
Најемотивен е оној на неговата колешка, актерката Марина Поп Панкова, ќерка на познатата пејачка на групата „Македонија“, Зорица Поп Панкова.
- Си замина еден од најзгодните фраери на македонското глумиште. Си замина човекот кој ми подаде рака тогаш, кога ми беше најпотребна. Заедно поминавме илјадници километри и изигравме стотици детски претстави низ секое селце и град во Македонија. Не ми беше само колега, станавме семејство. Се сакавме, се каравме, но бескрајно се почитувавме. Секогаш имаше топол збор за охрабрување и утеха. Ќе недостигаш.. Многу.. Нека ти е светло Гоце Влахов, кралу мој- напиша таа под нивна заедничка фотографија.