Креативни идеи за појадок со пролетни состојки

Добивај вести на Viber

Започнете го денот со хранлив појадок кој ќе ве исполни со енергија потребна за целиот ден. Бидете креативни и искористете ги состојките на пролетта во комбинација со супер лебовите на Жито Лукс за појадок полн со хранливи материи. Во продолжение неколку идеи за вкусен појадок:

Тост со интегрален леб со супер житарки со изртен овес и спелта со домати, моцарела и намаз од авокадо:

-  Во блендер ставете половина авокадо, сок од еден лимон и неколку листови спанаќ. Вака подготвениот намаз намачкајте го на едно парче супер леб со житарки со изртен овес и спелта, врз намазот ставете домат исечен во кругови и парчиња моцарела, наросете со магдонос и појадокот е подготвен!

Тост со јајце и интегрален леб со супер семки од чија и тиква:

-  Подгответе намаз од авокадо и премачкајте ги парчињата супер леб претходно запечени на тостер. Испржете по едно јајце за секое парче тост. На премачканите парчиња ставете ги пржените јајца, исечкајте млад кромид на ситни парчиња и ставете врз јајцата. Уживајте!

Тост-кајгана со интегрален леб со супер зрна со хељда и амарант:

-  На тава пропржете ситни парчиња млад кромид, спанаќ и сирење, ставете две парчиња супер леб со зрна од хељда и амарант и прелијте со две изматени јајца. Кога ќе биде готова кајганата, додадете домат на кругови врз едното парче леб и преклопете. Останува само да уживате во вкусовите.

Доколку повеќе претпочитате благ отколку солен оброк, еве што предлагаме:

Тост со интегрален леб со супер житарки со изртен овес и спелта и путер од кикирики:

-  Премачкајте парче од супер лебот со изртен овес и спелта со путер од кикирики, наредете банана и прелијте со природен мед. Брз и едноставен појадок за ден исполнет со енергија!

Интегрални парчиња леб со супер зрна со хељда и амарант и јагоди:

-  Премачкајте ги парчињата леб со намаз од авокадо и лимон. Врз намазот ставете парчиња свежи јагоди и наросете со кокос. Брзо и едноставно!

Интегрални парчиња леб со супер семки од чија и тиква со путер од лешник:

-  Премачкајте ги парчињата леб со путерот од лешник, ставете парчиња банана, парчиња киви и прелијте со мед. Тоа е тоа, појадокот е подготвен!

Секој појадок кој содржи барем едно парче супер леб претставува природен извор на протеини, калциум, железо, диететски влакна, витамини и минерали, односно има висока нутритивна вредност. Супер лебовите на Жито Лукс се одамна достапни на пазарот, а се направени според барањата на потрошувачите за вкусни, но истовремено здрави и хранливи производи. 

ПР објава