Криеше од најблиските дека е болен: Три години од смртта на Маринко Маџгаљ
Утре се навршуваат три години од смртта на црнгорскиот актер Маринко Маџгаљ.
Маџгаљ почина на 26 март во 2016 година по долгата битка со ракот. Освен што беше театарски и ТВ актер, тој беше и член на дуото „Фламингоси“, заедно со водителот Огњен Амиџиќ. На „Фламингоси“ за малку им избега учеството на „Евросонг“ во 2006 година, кога според мноогумина беа морални победници на српско-црногосркиот избор за песна на Евровизија со хитот „Луди летњи плес“.
Неговото семејство, напиша куса и емотивна објава која излезе во српските весници.
„Те сака, тагува и не те заборава... Твоето семејство“, стои во објавата.
Маџгаљ почина од канцер на панкреас кој му беше дијагностициран во 2015 година, кога итно беше опериран. Иако се чинеше дека закрепнува по операцијата, тој болеста со кобната болест за жал ја загуби.
Маринко Маџгаљ беше во брак со актерката Дубравка Мијатовиќ
Актерот веста за болеста долго време ја криеше од своите најблиски. Ниту семејството, ниту неговата поранешна сопруга, актерката Дубравка Мијатовиќ не знаееле дека е болен од причина што тој не сакал никој да го сожалува, пишуваат српските медиуми. Од бракот со Дубравка, тој ја има осумгодишната ќерка Сара.
На крајот на минатата година, пријателот и колега на Маринко, Огњен Амиџиќ организираше концерт во Белград во негова чест. Меѓу пријателите на покојниот актер кои настапија беше и македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева.
„ Ова беше една многу убава, емотивна, пријателска вечер, каде што се пееја песните на „Фламингоси“ и некои други песни кои на Маринко му биле драги“, ни изјави тогаш Каролина.