Криза или крај на љубовта: Перо Антиќ и Катарина Ивановска не се повеќе заедно?
По речиси две години забавување, некогашниот кошаркар на НБА и сегашен претседател на КФМ Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска најверојатно ставија крај на својата љубов. Шпекулациите за крах на врската започнаа неодамна откако парот престана да се појавува заедно во јавноста.
Фото: Maja Janevska-Ilieva / Фејсбук - Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art SkopjeОд видеа кои кружат на социјалните мрежи во последно време се гледа како Перо се забавува со своите пријатели до утринските часови додека Катарина времето го поминува со своите деца. Перо постојано е сам на речиси сите јавни манифестации или во друштво на своите синови, а не се следат ниту на социјалните мрежи, што е уште еден доказ дека работите меѓу нив не се на завидно ниво.
За сега, ниту еден од нив не потврди дали се работи за крај или за мала криза. На почетокот на нивната ромнаса, кога врската ја криеа од јавноста, на прашањето дали се заедно одговараа дека каде има чад има и оган, па дали овој пат чадот наговестува крај, останува да се огласат главните актери на приказната.
Инаку, Катарина и Перо официјално се заедно од март 2021 година. Тие на почетокот ја криеа својата врска, но подоцна постојано објавуваа фотографии на кои се заедно а со кои сакаа да покажат на јавноста колку се сакаат, што не е случај во последните неколку месеци.
Перо има три деца од бракот со Ружица, а Катарина две деца од врската со Цобе.
Р.Ж.М.