Ксенија Николова разменува нежности со сопругот во Љубљана: Решив дека веќе не бројам и ништо повеќе не очекувам (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата писателка Ксенија Николова е доста актуелна на социјалните мрежи, па така и овој пат сподели дел од својот живот со нејзините верни следбеници.

Имено таа со сопругот е на патување во Љубљана од каде испрати топли празнични поздрави. Главиот град на Словенија е преубаво украсен, а Ксенија ужива со својот сакан во празничната магија.

„Љубљана е украсена, а јас се радувам како детe, што за тоа што допрва следи, што онака, сосема без причина.
Секоја година си посакуваме да биде наша и кога една желба нема да ни се исполни, си велиме - ај, следната година.
Решив дека веќе не бројам и ништо повеќе не очекувам. Повеќе спонтаност и разиграност, повеќе детска радост и искрени насмевки.
И кога не се редат коцките, со нив сѐ уште можеме да си играме.
Да сте живи и здрави!“