Судијата на претходна постапка Ненад Савески ѝ одреди куќен притвор на Силвија Стјановска, јавува порталот СДК. Актерката денеска била однесена во Кривичниот суд и изведена пред судија на претходна постапка заедно со уште едно машко лице на кое му е одреден притвор.
Порталот „Јанакизнае“ попладнево објави дека Стојановска била уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија. Детали од истрагата ќе бидат соопштени во наредните денови.
Стојановска која е актуелна по хит-серијата „Фамилијата Марковски“ е мајка на актерките Ана и Јана кои ги има од бракот со покојниот актер Ненад Стојановски.