Кумот брутално ги понижи Меган и Хари: Го крсти нивниот син, но не ги покани на свадба – Ова е причината зашто не се добредојдени

Добивај вести на Viber

Меган Маркл и принцот Хари наводно се изоставени од списокот за свадбата на нивниот кум,оренесуваат медиумите

Се чини дека тензиите меѓу кралското семејство и Сасексите влијаеле и на другите врски во нивните животи. Нивниот долгогодишен пријател од Велика Британија, Хју Гросвенор, кој е еден од кумовите на нивниот син Арчи, во јуни ќе се ожени со својата избраничка Оливија Хенсон, а според она што го пренесуваат медиумите, покана за овој настан не стигнала кај Меган и Хари.

„Неверојатно е тажно што дојде до ова“, изјави пријател на Хари за британскиот магазин. Тој изјавил дека наводно поканата е отфрлена со цел да се спречи понатамошна драма меѓу кралско семејство, како и вниманието што Хари и Меган го привлекуваат каде и да се појават.

„Тој сакаше да избегне се што ќе го засени овој ден, особено Оливија, и не сака никакви непријатни ситуации. Хју е еден од ретките блиски пријатели на Хари и Вилијам кој одржувал линија на комуникација со двајцата. Тој би сакал да склучат примирје и да ја поправат врската, но сфаќа дека тоа е малку веројатно да се случи пред венчавката.

Во отсуство на Хари и Меган, на списокот на гости наводно се принцот Вилијам и принцезата Кејт, заедно со кралот Чарлс. Иако односите меѓу Сасексите и неговото поголемо семејство одамна се затегнати, објавувањето на книгата на кралскиот репортер Омид Скоби, „Крајна игра“, не помогна малку да ги подобри работите. Во холандската верзија на книгата, кралот Чарлс и Кејт се именувани како „расисти“ кои коментирале каква боја ќе има кожата на бебето Арчи кога ќе се роди.

Фото:facebook