Сара и Димитар во потрага по своето „прво дете“: Никаде го нема лабрадорот Атос

Добивај вести на Viber

- Ми фали ова најпрвово дете многу- напиша пејачката 

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски се сопственици на бел лабрадор по име Атос.

Имено Атос често го нарекуваат и нивно прво дете, бидејќи долги години е дел од нивното семејство, а Сара знае да напише и дека тој е и многу добар и паметен и дека е „куче-човек“.

За жал Атос веќе два дена е изгубен, и лута некаде надвор од својот дом во Пинтија.

Вознемирените сопственици пуштија и апел за помош да се најде нивното милениче.