ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ: Ме прашуваа дали името ми е уметничко

Добивај вести на Viber

Ламбе Алабаковски е еден од неколкумината на естрадата кој има православно, но специфично име. Потекнува од Харалампиј, а било планирано за постариот брат на Алабаковски.

- Дедо ми Ламбро не сакал тој да го носи неговото име и моите родители ја испочитувале неговата желба. Сепак, по седум години кога се родив јас веќе било неизбежно - откри тој.

Познатиот пејач имал вистинска авантура пред неколку години на фестивалот „Голден стаг“ во Романија кога морал постојано да објаснува дека не настапува со уметничко име, туку со вистинското.