Латино дивата целосно гола го прослави 53-от роденден: Секоја чест Џени, ти си наша инспирација

Џенифер Лопез по повод 53-от роденден започна нова кампања за својот бренд J.Lo Body, за кој целосно се соблече.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез го прослави својот 53 роденден и уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка.

Во оваа прилика таа започна и нова кампања за својот бренд J.Lo Body во која целосно се соблече, а видеото го објави на својот Инстаграм.


Покрај „роденденскиот костум“, Лопез во новата кампања носи и предизвикувачки костим за капење со танга, во кој ја откри својата позадина која наводно ја осигурала на 27 милиони долари, а видеото собра стотици илјади лајкови во краток временски период.

Инаку, Џенифер се омажи за Бен Афлек во Лас Вегас пред една недела, по што поминаа романтичен меден месец во Париз.

Двојката требаше да се венча во септември 2003 година, но венчавката ја одложија само неколку дена пред церемонијата. Тие на крајот ја прекинаа свршувачката во јануари 2004 година се разделија.

Тие повторно се забавуваа во средината на 2021 година, а се верија во април оваа година.

Лопез зад себе има три пропаднати брака, а со пејачот Марк Ентони ги има 14-годишните близнаци Ема Марибел Муниз и Максимилијан Дејвид Муниз.

Ова е втор брак на Бен, откако во 2018 година се разведе од актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, 16-годишната ќерка Виолет, 13-годишната Серафина и 10-годишниот син Самуел.


Фото и Видео: Инстаграм

Брутално згодна: Наскоро полни 53 години, а тукушто го покажа задникот тежок 27 милиони долари на жешка снимка и го урна Инстаграм