Лажни јавувања за сообраќајна несреќа во која учестувале ваши блиски луѓе, кружат меѓу граѓаните: Не наседнувајте на ова

Добивај вести на Viber

Паника помеѓу граѓаните поради телефонски повик, кој може да ви го промени животот во секунда доколку наседнете.

Инаку станува збор за измама од страна на лица кои сакаат да изнудат пари, врз основа на наводна сообраќајна несреќа на ваш близок член од семејството.

Статус на Фејсбук од страна една девојка која ваквиот случај го пријавила во најблиската полициска станица е апел до сите оние кои ќе добијат ваков повик.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме статусот:

Внимание!

Доколку ви ѕвонат особено на фиксен телефон ( ѕвонат и на мобилен ама ретко) наутро до предпладне женски успаничен глас со добро одглумено плачење и ви повторува дека страшна сообраќајка се случила инволвирани божем ваша ќерка, син, брат и итн. со тешки последици, потоа превзема машки глас кој се претставува како полицаец и бара ваши податоци ( возраст, кој вози од кај вас) да не наседнувате. Изнудувачи се во прашање!  До сега давав изјава во полиција, јас ги уловив брзо и не испаничив, но се стаписав на старт премногу драматично истапуваат...Денес од сабајле во полициска станица бевме 6 души кој во ист временски период со ист патерн им се имаат јавено. Барале пари и тоа огромни суми. Обавезно пријавете во ваша најблиска или општинска полициска станица“.


РЖМ