Лекциите на Реџина Брет: Не го споредувај твојот живот со другите, немаш поим низ што минуваат тие
Овие лекции ги напишала жената која била единаесетто дете во семејството, која на 16 години своите проблеми ги натопувала во алкохол, која откако родила во 20-тата година, 18 години сама ги подигала и воспитувала своите деца, жена која успеала да го победи ракот на дојка во 41-година , жена кој дури во 45 година ја сретнала својата вистинска љубов, жена која направи сјајна новинарска кариера.
Во текот на последната деценија, овие лекции стануваат сè попопуларни на интернет а кои се потсетник за тоа колку всушност е важен животот.
Без оглед на возраста, овие универзални лекции се однесуваат на секој кој има потреба од малку потсетување за она што е важно во животот.
1. Животот не е фер, но сепак е добар.
2. Кога се сомневаш, направи го следниот мал чекор.
3. Животот е премногу краток за да го трошиш на омраза кон некоја личност.
4. Не се сфаќај себеси премногу сериозно. Никој не те сфаќа сериозно.
5. Исплаќај ги ратите на кредитните картички секој месец.
6. Не мора да ја добиеш секоја караница. Согласи се на несогласување.
7. Плачете со некого. Поздраво е отколку да плачеш сам.
8. Штеди за пензија, почнувајќи од твојата прва плата.
9. Кога станува збор за чоколадото, отпорот е залуден.
10. Помири се со минатото, така нема да те изигра во сегашноста.
11. Во ред е ако децата те видат како плачеш.
12. Не го споредувај твојот живот со другите. Немаш поим низ што минуваат тие .
13. Ако една врска е тајна, бегај од неа.
14. Никогаш не е предоцна за среќно детство. Но, второто твое детство зависи единствено од тебе и од никој друг.
15. Биди сега ексцентричен. Не чекај да остариш за да носиш виолетова боја.
16. Најважниот секс орган е мозокот.
17. Никој не е задолжен за твојата среќа освен тебе.
18. Простувај секому сè.
19. Што мислат другите за тебе не е твоја работа.
20. Времето лечи скоро сè. Дај му време не времето.
21. Колку и да некоја ситуација добра или лоша, ќе се промени.
22. Tвојата работа нема да се грижи за тебе кога ќе се разболиш. Твоите пријатели ќе се грижат. Пoсвети им доволно време.
23. Верувај во чуда.
24. Твоите деца само еднаш се деца. Направи им детството засекогаш да го паметат.
25. Излегувај надвор секој ден. Чудата се насекаде.