Лепа Брена: Забранувам да ме викате баба

На Лепа Брена ѝ пречи ако ја викаат баба, затоа што како што вели фолк-ѕвездата, таа е само сопруга на дедото на Александар, синот на Боба Живојиновиќ и неговата сопруга, пејачката Александра Пријовиќ.

За време на последното интервју, Лепа Брена уште на самиот почеток го предупредила новинарот дека ќе го прекине интервјуто ако тој ја ословува со „баба“.

„Јас сум само сопруга на дедото. Немој да ме нарекувате со некакви баби и слично за да не го завршиме интервјуто“, изјавила Лепа Брена.

Неодамна, таа изјави колку е среќна за раѓањето на малиот Александар Живојиновиќ. 

„ Тоа е една среќа, љубов и радост која не се опишува. Треба да ги видите Александра и Филип со тоа мало бебенце, кога ќе ги видиш своите деца со дете...Не знам, навистина е многу тешко да се опише таква љубов“, додала пејачката.  

„Александра е фантастична мајка и воопшто не е размазена. Многу му е посветена на бебето. Го дои. Не знам што да ви кажам. Ние само трепкаме и гледаме како ни течат солзи радосници“, раскажала видно разнежената Лепа Брена.